ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакција со акциите на Скопски Пазар

Блок трансакција со акциите на Скопски Пазар

mk berza

Највисок промет на Македонската берза за хартии од вредност во вторникот оствари акцијата на Скопски Пазар.

Сите 200 истргувани лотови се реализираа преку блок трансакција. Цената на една ацкија изнесуваше 9.503,00 денари.

По неа, на второто место по реализиран промет беше акцијата на ТТК Банка со која на регуларниот пазар се истргуваа вкупно 2.500 акции, по просечна цена од 610,18 денари и реализиран промет од 1,5 милиони денари.

По неколкудневен пораст, акцијата на Комерцијална Банка забележа пад во вредноста од 0,4 посто преку 65 истргувани акции.

Беа реализирани вкупно 54 трансакции со акции, додека обврзниците отсуствуваа од дневната листа.

Индексот МБИ10 ја зголеми својата вредност за 0,18 отсто (1.949,22), додека ОМБ ја зголеми својата вредност за 0,03 отсто (127,48).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП