17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco Systems ќе инвестира 4 милијарди долари во Мексико

Cisco Systems ќе инвестира 4 милијарди долари во Мексико

ciskooo3

Американскиот производител на мрежна опрема „Cisco Systems“ планира експанзија во Мексико во вредност од 4 милијарди долари, која ќе ја спроведе во периодот 2016 – 2018 година, објави мексиканската влада, цитирана од „Ројтерс“.

Главниот извршен директор на „Cisco“, Чак Робинс ја открил веста за време на состанокот со мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието.

Експанзијата ќе го зголеми производството на различни производи во Мексико, од рутери до сервери и свичеви, како и ќе го стимулира создавањето на 270 работни места и 77 индиректни такви, најави уште владата.

Не е јасно колку од објавената сума веќе е вклучена во плановите на компанијата за земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП