20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го одобри новиот спорен приватизационен фонд

Грција го одобри новиот спорен приватизационен фонд

grcija parlament 34

Пратениците во Грција го одобрија законот со кој се создава контроверзниот приватизационен фонд за продажба на државни средства, соопшти онлајн изданието на грчкиот весник „Kathimerini“.

Законот беше усвоен со 152 гласа „за“ и 141 „против“ по напорната дебата во парламентот. Премиерот Алексис Ципрас и лидерот на „Нова демократија“, Кириакос Мицотакис не зборуваа пред парламентот, но се очекува денеска да го сторат тоа за време на дебатата за образованието, посочува весникот.

Претходно вчера се појавија шпекулации дека некои од пратениците од владејачката коалиција ќе гласаат против реформите на владата, кои се основен услов на кредиторите на Грција, за да одобрат финансирање за земјата. Интервенцијата на Ципрас и на министерот за финансии Евклидис Цакалотос сепак доведе до промена на мислењето на некои од пратениците и тие го поддржале законот.

Во новиот државен фонд за приватизација се заробени грчката национална електрична компанија, водовод компаниите во Солун и Атина, за кои лично министерот за финансии Цакалотос претходно коментираше дека додека е на функцијата тие никогаш нема да бидат продадени, „Hellenic Vehicle Industry“ (ELBO) и „Attiko Metro“.

Цакалотос коментира дека средствата вклучени во фондот, нема да бидат продадени, туку концесионирани. Усвоената легислатива сепак дозволува нивна експлоатацијата на различни начини, вклучувајќи продажба и давање на трети страни.

Покрај овој закон Владата треба да преземе уште неколку мерки за да ја обезбеди следната транша од спасувачката програма, вклучувајќи и да назначи бордот на директори на фондот за приватизација. Одлуката за доделување најверојатно ќе биде донесена на седницата на Еврогрупата на 10-ти октомври.

Доцна синоќа Владата на Грција успеа да ги протурка во парламентот и пензиските реформи и дополнителната либерализација на пазарот на електрична енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП