Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денес, свечено ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2016/2017 година.
Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација – МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.
Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“.