16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот извоз на пченица не одговори на очекувањата

Рускиот извоз на пченица не одговори на очекувањата

pcenicata 3999

Извозот на пченица од Русија не одговори на очекувањата во оваа сезона, бидејќи падoт на цените ги обесхрабрија некои земјоделци да го продаваат своето производство, соопштува „Bloomberg“.

Извозот од Русија преку трите месеци од почетокот на сезоната, започна во јули, најверојатно ќе изнесуваат 9 милиони тони, што е за 8% помалку во споредба со две сезони порано, покажуваат податоците на компанијата за истражување и анализи „СовЕкон“, со седиште во Москва. Според експертите тоа е релативно низок волумен, бидејќи Русија, која е најголем извозник на пченица во светот, сега ја жнее најголемата жетва.

Извозните цени на руската пченица се намалија до најниско ниво од пред најмалку шест години во јули поради очекувањата за добра жетва. Откако покажаа сигнали за закрепнување, цените повторно се намалија откако Египет воведе забрана за увоз на пченица со дури минимално присуство на најзастапен паразитна габа „Морава рогче“ (ergot fungus) по културата. Малку потоа северноафриканска земја направи пресврт и ја укина забраната, откако трејдерите ги бојкотираа тендерите.

„Ситуацијата е исклучително непријатна“, вели Александар Корбут, потпретседател на Рускиот сојуз на зрнопроизводителите. „Со намалувањето на цените природна реакција на земјоделците беше да се придржуваат кон зрното со добар квалитет“, додава тој.

Компанијата „СовЕкон“ не користела податоци од царината за минатата година, со образложение дека не може да смета на овие бројки, бидејќи властите понекогаш одложуваат со регистрацијата на пратките, за да се справи со данокот, воведен на почетокот на минатата сезона. Според советниците жетвата оваа сезона се зголемила за 15% до 71 милиони тони.

„Ако купувања продолжат, цените на руската пченица ќе се зголемат до нивоа невидени пред забраната од страна на Египет, и може да ги натера другите земјоделци да поднесат понуди“, вели Владимир Петриченко, генерален директор на „ПроЗерно“. Месечните снабдување може да се зголемат со до 4,5 милиони тони во октомври, прогнозира тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП