17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRice Energy Inc го купува Vantage Energy за околу 2,7 милијарди долари

Rice Energy Inc го купува Vantage Energy за околу 2,7 милијарди долари

rice skrilci 333

Американскиот нафтен концерн „Rice Energy Inc.“ има намера да го купи производителот на шкрилци „Vantage Energy“ за околу 2,7 милијарди долари, вклучувајќи ги и обврските. Ова ќе биде најголемата трансакција за стекнување на компании кои испитуваат наоѓалишта на шкрилци во областа Марцелус.

„Vantage“ има парцела од 85 илјади акри во Грин Кантри, Пасадена. Компанијата, во која инвеститори се „Quantum Energy Partners“, „Riverstone Holdings LLC“ и „Lime Rock Partners“, ја одложи примарната јавна понуда, предвидена за септември 2014-та година, поради падот на цените на енергијата.

Гасната и нафтена компанија „Rice Energy“, која се фокусира на базенот на Апалачите, најави дека договорот ќе се оствари преку пари во кеш (1,2 милијарди долари), права за вообичаени акции (980 милиони долари) и обврски (за околу 700 милиони долари).

Од почетокот на годината акциите на „Rice“ поскапеа со 149%, потпомогнати од бројни фактори, меѓу кои и посилната побарувачка на енергија во текот на летото. Во берзанската сесија акциите поевтинија за 4,2 отсто до 26 долари.

Се очекува договорот да биде остварен во четвртиот квартал.

Многу енергетски компании се под притисок поради падот на цените на нафтата, а во последно време индустријата почна бран на консолидација. Во почетокот на септември најголемиот канадски оператор на нафтоводи „Enbridge“ објави дека го купува конкурентот од САД, „Spectra Energy“ за 28 милијарди долари. Американски „EOG Resources“ пак предложи 2,5 милијарди долари за конкурентот „Yates Petroleum“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП