5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБлаготворна купка од селен

Благотворна купка од селен

билка-селен

Билката селен е исклучително лековита, го неутрализира непријатниот мирис на пот, го регулира месечниот циклус, а купката исто така благотворно делува и на целиот организам. Еве зошто треба да си ја направите…

Ја чисти кожата така што ги шири порите, го подобрува потењето и исфрлувањето на штетните материи од телото, а се препорачува и за зајканување на имунитетот и нервниот систем. Купката е особено лековита за жените кои имаат болки во матката.

Се подготвува така што се прави поконцентриран чај од коренот од селен и се истура во водата за капење. Најдобар ефект се постигнува доколку се користи целата билка со корен и семе, без оглед дали е сирова или сушена.

Селенот најпрвин се потопува во вода и се остава да отстои 12 часа, а потоа се вари во поклопен сад 30 минути. Потоа се процедува и чајот се истура во водата кога сте ја подготвиле за бањање. Уживајте!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП