17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНелегалната трговија на животни се проценува на 23 милијарди долари

Нелегалната трговија на животни се проценува на 23 милијарди долари

zivotni trgovija 333

Широката истрага околу глобалните злосторства против дивината за прв пат беа објавени имињата на клучните шверцери и врските меѓу илегалната трговија и корумпираните високи лица во Тајланд.

Истрагата објавена и спроведена од британскиот „Guardian“, ја изложува централната улога на меѓународните организирани криминални групи во осакатување и убиството на десетици илјади животни и во заканата од елиминација на загрозените видови, вклучувајќи тигри, слонови и носорози.

Темелната истрага идентификува осомничени трговци на неколку континенти – од Јужна Африка до Тајланд и пазарите на Кина, каде делови од животни често се користат во традиционалните лекови.

Сообраќајот на животни, кој чини 23 милијарди долари, е четвртиот најголем профитабилен сегмент од црниот пазар меѓу трговијата со дрога, луѓе и оружје. Но, за разлика од овие индустрии, напорите на меѓународното правосудство во оваа област се уште се во голема мера неадекватни.

Многу познати животни може да исчезнат – денес во светот живеат само 30.000 носорози, што е само 5% од нивниот број пред 4 децении. Годишно околу 1.000 се убиваат од ловокрадците, а оваа бројка е поголема секоја година во последните шест.

Уште поголем број слонови се убиваат секоја година: само минатата година 20.000 биле убиени поради нивните коски. Тигрите, кои во моментов се 3.500 во дивината, се исто така се загрозени. Меѓутоа, и помали видови исто така се загрозени од исчезнување.

Во рок од една година „Guardian“ работи со независни истражувачи од „Freeland“ – организација, која се бори против трговијата со животни. Изданието ги проучива сите податоци собрани во текот на 14 години од организацијата.

Откритијата на „Freeland“, заедно со полициските документи и интервјуа, како и кадри од набљудувања и документи за банкарски трансфери, покажуваат дека главни осомничени за контрола над главниот пат за сообраќај на загрозени животни се двајца виетнамски браќа со презимето Бак.

Истрагата покажува дека тие ги влошиле активности во последните три години, но и дека имаат врски со голем број високи лица меѓу владите кои допрва ќе бидат објавени од весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП