25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто

Црна Гора го зголемува ДДВ-то од 17 на 19 отсто

v

Црногорскиот вице-премиер за економска политика Вујица Лазовиќ најави зголемување на данокот на додадена вредност (ДДВ) од сегашните 17 на 19 отсто.

Тој истакна дека зголемувањето на ДДВ-то треба да се реализира до почетокот на летото, додавајќи дека црногорската Влада планира на тој начин да собере дополнителни 40 милиони евра.

Лазовиќ нагласи дека негово лично мислење е дека „Комбинатот за алуминиум Подгорица“ (КАП) нема иднина и дека вештачкото одржување на производството во ова претпријатие само може да причини поголема штета.

– Влегуваме во една агонија која секој ден може да донесе само поголема штета, оценува црногорскиот вицепремиер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП