20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако до работа во САД? Двата најчести начини да го започнете американскиот...

Како до работа во САД? Двата најчести начини да го започнете американскиот сон!

The-American-Dream

На привремена работа во САД годишно од тука заминуваат неколку илјади Македонци. И додека во европските земји заминуваат да работат на работи места кои бараат високи квалификации, во САД најчесто заминуваат млади луѓе кои се во потрага за брза заработка на некои од сезонските работи за кои не е потребен факултет.

Спасувачи, продавачи, келнери и бејбиситери се најчестите работни места кои може да се добијат во Америка. Тие работат од три месеци до една година, а дневницата се разликува во зависност од регионите, и се движи помеѓу седум и 13 долари по час. Доброто познавање на јазикот е предност за добивање на подобра работна позиција.

Двата најчести начини да го започнете американскиот сон се: „J1“ визата, која нуди програма за живот и работа во САД, од кои најпозната е „Work and travel“, и зелената карта или „Diversity Immigrant Visa DV“ чија лотарија повторно ќе започне на 1-ви октомври. Најголемиот број на наши млади луѓе заминуваат во САД преку една од овие две програми.

Лична карта на земјата:

Број на жители: 318.892.103.

Површина: 9.826.675 километри квадратни.

БДП: 53.041,98 долари по глава на жител.

Валута: американски долар.

Најголеми градови: Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Хјустон, Феникс, Мајами, Филаделфија.

Кои работи се најбарани и колку се платени:

Државјаните на Македонија извршуваат најралични работи во САД, од сезонски работи како спасувачи на базени до истражувачки работи во склоп на постдокторски студии.

Заработката на работниците на привремена работа зависи од степенот на стручна спрема, географската локација, пазарот на труд и многу други фактори. Работниците на привремена работа во САД не можат да бидат платени помалку од федералната минимална надокнада која од 2015-та година изнесува 7,25 долари по час, т.е., минимална надокнада во сојузната држава или град во кои работат, доколку е таа поголема од федералната.

Програмер – 6.000 долари

Физотерапевт, лекар – 4.000 долари

Систем администратор – 3.300 долари

Веб-дизајнер – 4.000 долари

Спасувач – 1.800 долари

Мијач на садови – oд 1.600 долари

Mедицинска сестра – oд 2.000 долари

Возач на камион – oд 2.700 долари

Комерцијалист – 2.500 долари

Келнер – oд 1.200 долари

Чување деца – 1.500 долари

Преселба – 2.600 долари

(заработката во долари, месечно *)

Потребни знаење и дипломи:

Висококвалификуваните експерти најчесто мораат да минат низ споредна анализа на дипломата со цел да се процени дали одговараат на американските стандарди.

Сервисите за евалуација анализираат испит по испит и на крајот дваат свое мислење дали степенот на образование е соодветен со оној кои се добива на американските универизтети. Проценката е потребна за добивање на лиценца за работа според струката.

– Работодавачот може да инсистира на одредени квалификации и стручна подготовка, а со самото тоа и на нострификација на дипломата во одредени случаи.

Документи потребни за виза:

Според информациите различни документи се потребани во зависност од видот на работната виза. Во секој случај, процесот во САД започнува од работодавачот, агенција или спознорска организација.

– Првиот чекор е заинтересираните да пронајдат работдавач или агент кој е подготвен да поднесе барање за неиселеничка работна виза во Служабата за внатрешна безбедност во САД. Доколку се одобри барањето, на работодавачот или агентот се испраќа писмено одобрување. Бројот од одобреното барање е неопходен во понатамошната процедура за поднесување на барање за виза.

Потоа следи процедура за поднесување на барање за виза која подразбира собирање на неопходните документи, пополнување на електронскиот образец за виза и лично појавување на закажаниот разговор за виза.

Студентите во САД најчесто заминуваат преку агенција која за 1000 долари им обезбедува работа во текот на пет месеци.

„J1“ е програмата за размена, чиј многу популарен дел – „Summer work and travel“ им овозможува на многу наши студенти подобро да ја запознаат Америка. Програмата опфаќа бејбиситерки, вработени на пракса, професори и научни истражувачи, специјалисти…

Зелената карта или „Diversity Immigrant Visa“ (DV) зa многу Македонци е документ кој ќе им обезбеди подобар живот, а лотаријата за зелена карта се одржува секоја година наесен. Оваа година ќе започне на 1-ви октомври, а завршува на 3-ти ноември. Многу домашни и странски агенции и интернет страни нудат за паричен надомест да ги пополнат документите и заинтересираните да можат да учествуваат во „green card lottery“, но обрасците треба да ги пополнувате сами, исклучиво преку официјалнито сајт на американската Влада – https://www.dvlottery.state.gov/.

– За сите видови визи, како и за упатствата за пријавување за зелена карта можете да прочитате на интернет страната travel.state.gov/.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП