23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBP отвора сервисен центар во Унгарија

BP отвора сервисен центар во Унгарија

BP41545455

Компанијата „British Petroleum-BP“ ќе овори нов сервисен центар во Сегед, на југот од Унгарија, а вредноста на инвестицијата е 8,0 милијарди форинти (26 милиони евра).

Тоа го соопшти унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто во Будимпешта.

Сијатро на конференцијата за новинарите изјави дека унгарската влада ќе учествува со 1,9 милијарди форинти (6,2 милиони евра) во тој проект, пренесува унарската агенција МТИ.

Брајан Пафер, потпретседателот на BP за глобални бизнис услуги, изјави дека новиот заеднички сервисен центар ќе вработи 500 висококвалификувани луѓе до 2020 година.

Тој потсети дека BP го основал својот прв сервисен центар во Будимпешта во 2009 година.

BP го избра Сегед за овој проект поради деловниот амбиент, постоењето на универзитети, како и поради близината на автопатот и одличната соработка со локалната власт, додава Пафер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП