11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ мора да признае - вака веќе не функционира!

ЕЦБ мора да признае – вака веќе не функционира!

85163000757e8da86a6555812217157_w640

Европската централна банка мора да признае дека нејзината монетарна политика не е доволна за решавање на европските економски проблеми, вели претседателот на UBS Аксел Вебер.

Вебер нагласи дека монетарната политика е единствено ефикасна „како привремено решение“.

„Во Европа имаме претерано потпирање на монетарната политика во решавањето на проблемите“, изјави Вебер кој од 2004 до 2011 беше член на Советот на гувернери на ЕЦБ.

Тој додаде дека структурните реформи се есенцијални во зголемувањето на потенцијалот за раст на европските држави.

Вебер на овој начин се придружи до се поголемиот број на експерти кои сметаат дека монетарната политика на ЕЦБ ги достигнала своите граници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП