5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБавен старт на трговската недела на Македонската берза за хартии од вредност

Бавен старт на трговската недела на Македонската берза за хартии од вредност

македонска-берза

На Македонската берза за хартии од вредност во понеделникот инвеститорите тргуваа со акциите на девет издавачи и со обврзници од две емисии. Истргуваните количества беа далеку под дневниот просек на тргувани хартии, и кај акциите и кај обврзниците.

Највисок промет се оствари со акцијата на Комерцијална Банка (783 илјади денари преку 325 истргувани лота). Вредноста на акцијата порасна за нови 0,23 отсто, при што просечната цена изнесуваше 2.410,72 денари.

Останатите хартии се тргуваа во мали количнини при што остварениот промет изнесување нешто под 250 илјади денари, секоја.

И покрај малиот обем на тргување, индексот МБИ10 ја зголеми својата вредност за 0,32 отсто (1.945,81), додека ОМБ ја зголеми својата вредност за 0,10 проценти (127,44).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП