10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучниците ја потврдија врската меѓу масното ткиво во телото и бактериите во...

Научниците ја потврдија врската меѓу масното ткиво во телото и бактериите во изметот

istraz

Составот на бактериите во човечкиот измет може да влијае на тоа колку од опасното масно ткиво има во човековото тело, велат научниците од Кралскиот колеџ во Лондон, чијашто студија е објавена во списанието Genome Biology.

Нивната анализа на примерок од изметот од повеќе од 3.600 близнаци пронашла докази дека некои бактерии се наследуваат. Бактериите во изметот, би можеле делумно да објаснат зошто дебелината се пренесува низ генерации во некои семејство, велат научниците.

Тимот научници собирал податоци за бактериите во примероци од изметот на испитаниците и ги споредил со шест различни параметри на дебелината, меѓу кои се и индексот на телесната маса и различните видови масно ткиво во организмот.

Утврдиле дека најсилните врски со висцералното масно ткиво и испитаниците со многу разновиден состав од бактерии во изметот имале ниски нивоа на висцералните масти. Овој вид масно ткиво е лошо, бидејќи се депонира во областа на стомачната шуплина околу важните органи, како што се црниот дроб, панкреасот, и цревата, и е поврзано со поголемите ризици за кардиоваскуларни болести дијабетес.

Мишел Бомонт од Кралскиот колеџ в Лондон, која го водела истражувањето, вели за BBC дека иако студијата покажала јасна поврзаност, сé уште не е возможно да се објасни зошто таа постои.

Една од теориите е дека недостигот од разновидноста на фекалните бактерии може да резултира со доминација на високите нивоа на цревните бактерии кои се успешни во претворањето на јаглехидратите во масти.

Бомонт вели дека „Имајќи предвид дека ова истражување се занимавало со набљудување, не може точно да се каже како заедниците од бактерии во цревата може да влијаат врз складирањето на мастите во нашето тело и дали друг механизам е вмешан во дебелеењето“. Вели дека се потребни уште истражувања за да се истражи каква улога играат микробите во нашите црева и во нашиот измет во здравјето.

Меѓутоа, додава, има сé повеќе докази дека бактериите играат улога во дебелеењето, Познато е дека најмалку 50 отсто од човечкиот измет ги сочинуваат бактериите кои се исфрлаат од цревата.

Бомонт натаму вели дека разноличната исхрана може да ја зголеми разновидноста на микробите во човечкиот измет.

Доколку е точна теоријата дека бактериите се пренесуваат низ генерации, таа вели дека може да играат важна улога во тоа како се развива масното ткиво во телото, како и какво здравствен ризик тоа ткиво претставува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП