7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиноскоп на нова локација на „Плоштад Мајка Тереза“

Виноскоп на нова локација на „Плоштад Мајка Тереза“

skop 07

Организаторите на „Виноскоп“ се извинуваат поради промената на локацијата, откако веќе објавија дека ќе биде на плоштад „Македонија“, сега објавуваат дека новата локација на 100 метри од плоштадот, до Обвинителството.

Вино Скоп се поместува на нова локација- „Плоштад Мајка Тереза“ или платото пред МОБ, а почнува во среда, 28 септември. Поради технички причини, фестивалот е поместен на платото пред Македонска опера и балет, односно плоштадот „Мајка Тереза“, одлична нова локација веднаш до реката Вардар.

Вино Скоп ќе биде отворен за посетители од 12, а ќе трае се до доцните вечерни часови. „Вино Скоп“ оваа година одбележува јубилеј- Десет години најомилена скопска есенска приказна.

skop 06

Пет фестивалски денови, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарии, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Покрај виното,ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи. Музичката програма е шаренолика: џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери.

Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние кои што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите кои што планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси.

Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен.

„Дојдете да украдеме по некој миг, да вкусиме добро вино, да ја продолжиме традицијата. Да го доживееме модерното со дамки од богатата историја, сплотено во автентичниот свет на виното. Одберете го вашето омилено вино и кренете ги чашите да наздравиме, еднаш за нас, еднаш за Скопје“, порачуваат организаторите.

skop 01 skop 02 skop 03 skop 04 skop 05

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП