12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГулден од Adidas се сели во Puma

Гулден од Adidas се сели во Puma

adidaspuma1

Германскиот производител на спортска опрема „Puma“ го именуваше Бјорн Гулден, кој работи во конкурентскиот „Adidas“, за нов извршен директор.

„Управниот одбор го назначи Бјорн Гулден за нов извршен директор на компанијата, кој на оваа функција ќе дојде на 1-ви јули. Тој ќе биде замена за Франц Кох кој ја си замина во март месец“, стои во соопштението од „Puma“.

Норвежанецот Гулден е поранешен фудбалер кој настапуваше за германскиот клуб Нирнберг, но има и 20 години меѓународно искуство во индустријата за спортска опрема и во неа имал различни менаџерски позиции.

Гулден на почетокот на 2012-та година беше именува за извршен директор на данската компанија „Pandora“ која се занимава со производство на накит, а пред тоа беше генерален директор на најголемиот европски ланец за обувки „Deichmann“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП