4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБизнис климата во Германија се подобрува до највисокото ниво од мај 2014-та

Бизнис климата во Германија се подобрува до највисокото ниво од мај 2014-та

biz klima ger 33

Бизнис климата во Германија се подобрува во септември до највисокото ниво од мај 2014-та година, покажува истражувањето на минхенскиот Институт за економски истражувања (Ifo).

Индексот на институтот се зголемува од 106,3 поени во август до 109,5 поени, така што ги надминува очекувањата со над 3 поени и на тој начин ги намалува стравувањата од влошување на условите во најголемата европска економија.

Растот во септември е најголемото месечно зголемување од 2010-та година, посочува Карстен Бжески од „ING“.

Мерачот на очекувањата меѓу бизнисот се покачува до 104,5 поени, што е над прогнозите за 100,1 поени. Оценката за актуелната ситуација е исто така подобара од очекуваната, а соодветниот подиндекс се зголемува над прогнозите – до 114,7 поени, што е двегодишен врв.

„Германската економија веќе ги забележа последиците од британскиот референдум во јуни“, вели Клеменс Фонст, претседател на институтот „Ifo“. Според него несигурноста поради резултатот, веќе во голема мера е исчезнат.

Во истражувањето учествува околу 7000 компании од секторот на производството, градежништвото и продажбата на мало.

„Денешниот индекс покажува дека загриженоста околу „Brexit“ исчезнала толку брзо како што се појавија“, вели Бжески. „И покрај силните податоци една година пред клучните парламентарни избори германската економија влегува во ризична фаза“, предупредува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП