13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБесплатни геодетски елаборати за поплавените

Бесплатни геодетски елаборати за поплавените

поплавени

Владата, во пакет-мерките за помош на граѓаните од поплавените подрачја, предвиде и мерка изготвување бесплатни геодетски елаборати за лицата кои поднеле барање за легализација на диво изграден објект.

По предлог на Агенцијата за катастар на недвижности, Владата го усвои Акцискиот план за изготвување бесплатни геодетски елаборати, додека Собранието ги донесе измените на Законот за катастар на недвижности со кои се овозможи Агенцијата за катастар на недвижности да може да врши бесплатни геодетски мерења за недвижностите кои биле зафатени од природни непогоди.

Агенцијата за катастар на недвижности досега има примено вкупно 229 барања за изготвување бесплатни геодетски елаборати од страна на жителите на поплавените подрачја. Од овие барања, 57 се поднесени во Агенцијата за катастар на недвижности по писмен пат, односно граѓаните ги поднеле на шалтерите во Катастарот, додека 172 барања се пријавени преку контакт-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности телефонски или преку електронска пошта.

Во понеделник, Агенцијата за катастар на недвижности започнува со изготвување бесплатни геодетски елаборати од најпогоденото подрачје од поплавите, село Стајковци, а со изготвување бесплатни елаборати ќе бидат опфатени сите населени места од поплавениот регион. Агенцијата за катастар на недвижности за оваа намена формира седум стручни тимови кои сочинуваат повеќе од 20 вработени геодети.

При посетата пријавените лица ќе пополнуваат барање за изготвување бесплатен геодетски елаборат.

Во зависност од бројот на поднесените барања, стручните тимови ќе бидат на терен сѐ додека не се изврши и последото мерење и сето тоа ќе биде бесплатно за жителите од поплавените подрачја. По завршувањето на мерењата следува канцелариска работа, односно изработување геодетски елаборат, по што истиот ќе биде доставен до странката.
Во оваа пригода би сакале да истакнеме дека сѐ уште постои можност за пријавување за оваа мерка и затоа уште еднаш ги повикуваме граѓаните од поплавените подрачја кои поднеле барање за легализација до надлежната општина, а сѐ уште немаат доставено геодетски елаборат, да се јават во инфо-центарот на Агенцијата за катастар на недвижности на телефонскиот број :

0800 80 800 – за лица кои се корисници на фиксни телефонски линии на Македонски телеком
(02) 317-17-33 за лица кои се корисници на кој било фиксен и мобилен провајдер во РМ, и
(02) 317- 38-25 за лица кои се корисници на кој било фиксен и мобилен провајдер во РМ.

Агенцијата за катастар на недвижности како и секогаш е подготвена да помогне на граѓаните на кои им е потребна помош, само за потсетување, Катастарот покрај елаборатите за жителите зафатени од природна катастрофа изработува и бесплатни елаборати и за социјално ранливите категории на граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП