2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите ќе ги повлекуваат парите од Швајцарија

Богатите ќе ги повлекуваат парите од Швајцарија

nmtm

Според извештајот на „WealthInsight“ богатите луѓе ќе ги повлечат своите пари од швајцарските банки до 2020-та година. А според најновите анализи следна дестинација ќе им биде Сингапур.

Извештајот е правен според движењето на парите меѓу најексклузивните компании за управување со имотот на богатите семејства. Па така во 2011-та година ова индустрија имала вредност од 19.3 трилиони долари.

Најголемиот дел од овие пари или 34 проценти во моментов се наоѓаат во Швајцарија, но најверојатно земјата сепак постепено ја губи оваа позиција.

За тоа придонесува и зголемениот број на „новопечените богаташи“ во Кина и Индонезија кои претпочитаат да ги чуваат своите средства во Сингапур. Според најновите информации оваа земја има добро регулиран банкарски сектор.

Во 2011-та година средствата под управување на приватното банкарство во Сингапур изнесувале 550 милијарди долари, а додека за споредба оваа бројка во 2000-та година изнесувала 50 милијарди долари. Според експертите ова е сериозен раст кој се очекува и натаму да се движи во нагорна линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП