3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПодолго време барате работа? Не паѓајте во депресија!

Подолго време барате работа? Не паѓајте во депресија!

job_search

И покрај верувањето дека барањето на работа е можеби забавно, возбудливо и дека ви отвара свет полн со нови можности, не е секогаш така.

За среќа, постојат неколку начини како да се изборите со депресијата која може да ве совлада за време на потрагата по работа.

Не ги разбирајте работите лично

По неколку пропаднати разговори за работа, може да ве обземе чувство дека сте лоша личност, дека сте им одбивни на луѓето, дека не сте доволно способни и амбициозни. Не сте во право и ваквиот став ќе ви се одрази негативно на вашата доверба.

Рутина

Барањето на работа станува многу полесно ако ви стане рутина. Немојте да се излежувате во кревет по цел ден, бидејќи тоа само ќе ве турне во депресија. Станете во пристојно време и направите распоред.

Гледајте пошироко

Немојте да се ограничите само на понудите за работа кои можете да ги најдете на сајтовите. Секако, треба и нив да ги погледнете, но повеќето понуди не се јавно огласени. Погледнете ги работите кои се нудат во весниците, одете во агенциите кои можат да ви бидат од помош.

Разговарајте со луѓе

Излезете и видете се со пријатели, посебно ако имате пријатели кои се во слична ситуација како вас. Така ќе имате прилика малку да ја промените средината, но и да поразговарате со некој кој ве разбира. Кој знае, можеби заедно ќе дојдете до некое решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП