24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ берзите паднаа на отворањето на седмицата

ЕУ берзите паднаа на отворањето на седмицата

berzi eu33

На европските берзи во понеделникот претпладнето цените на акциите паднаа, во прв ред во банкарскиот и во рударскиот сектор.

Индексот SOXX на 600-те водечки европски акции во 9,30 часот беше во минус од 0,7 отсто, откако во петокот падна за првичните 0,7 проценти. Лондонскиот FTSE индекс, фракфуртскиот DAX и парискиот CAC индекс во истиот период од денот беа во минус меѓу 0,5 и 0,9 отсто.

Остро во понеделникот претпладнето, за 1,2 отсто, падна STOXX 600 индексот на банкарскиот сектор. Притоа најголем губитник беше акцијата на „Lloyd“ со пад на цената од 1,3 отсто., откако аналитичарите на „Goldman&Sachs“ ја намалија препораката за оваа акција.

Уште повеќе, и тоа за 1,4 отсто, падна STOXX 600 индексот на нафтениот и на гасниот сектор.

Во понеделникот цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 1, отсто, на 46,34 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 0,9 отсто, на 44,87 долари, но во петокот цените на нафтата потонаа за речиси 4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП