26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи паднаа, доларот благо ослабе

Азиските берзи паднаа, доларот благо ослабе

берзи

На азиските берзи во понеделникот цените на акциите паднаа, како и на Волстрит кон крајот на минатата седмица, додека доларот благо ослабе.

На Токиската берза индексот Nikkei во утринското тргување беше во минус од околу 0,8 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Сингапур, Хонгконг и Шангај, паднаа меѓу 0,1 и 07, отсто. Поради тоа, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските беше во минус од 0,7 отсто.

Азиските инвеститори беа поколебани од падот на цените на акциите на Волстрит во петокот, иако во целата мината седмица на најголемата светска берза беа забележени солидни податоци, благодарејќи на одлуката на американската централна банка стапките да останат непроменети.

Најмногу во понеделникот претпладнето паднаа цените на акциите на Токиската беза, што е последица на високиот курс на јапонскиот јен кој не им оди во прилог на јапонските извозници.

А на валутните пазари американската валута ослабе во однос на јапонската, па нејзиниот курс во понеделникот претпладнето се движеше околу 100,90 јени, додека во петокот на затворањето на тргувањето изнесуваше 101,05 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цента на еврото порасна на 1,1230 долари, додека во петокот изнесуваше 1,1225 долари.

Цените на нафтата, пак, седмицата ја започнаа со раст, бидејќи вложувачите се надеваат дека најголемите светски производители на „црното злато“ на состанокот во Алжир деновиве би можеле да се договорат за мерките за стабилизација на нафтениот пазар.

На лондонскиот пазар цената на барелот во понеделникот претпладнето порасна за 0,8 отсто, на 46,27 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,7 отсто, на 44,81 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП