23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионален саем на врвни производи од Вардарскиот регион

Регионален саем на врвни производи од Вардарскиот регион

vardarski region saem33

Денеска во 12 часот, во Јавна соба, почнува четвртиот регионален саем на мали бизниси од Вардарскиот регион.

На овој дводневен саем на кој влезот е слободен, застапени се средни, мали и микро бизниси кои промоцијата на производите ја базираат исклучиво на квалитет.

Вардарскиот регион не e само ризница на добро препознатливи вкусови, туку е имиџот и надворешната проекција за Македонија со која сите се гордееме. Есенски вргањ, сушен и свеж, месо и сувомеснати деликатеси, кашкавали и сирења со европски признанија за квалитет и секако виното кое се конзумира од Њујорк до Токио.

Програмата опфаќа средби со производителите и дегустација на деликатеси во текот на целиот ден. Во понеделник во 18 часот балерините ќе го изведат перформансот балет на грозје – газење на грозје во живо, со што ќе го одбележат почетокот на винската сезона за оваа година.

Дегустацијата на нови вина од мали и веќе етаблирани винарии од Тиквешијата започнува од 18 часот. Финалниот подарок за посетителите е предвиден истиот ден во 21 часот, кога започнува концертот на една од најпопуларните македoнски џез бендови, групата „Фирс”.

За време на овој дводневен фестивал на вино и деликатеси ќе биде претставена новата винска рута во Тиквешијата која ќе ја збогати понудата на алтернативниот туризам, и опфаќа посета со велосипед на винариите: Тиквеш, Стоби, Попов, Бовин, Попова Кула и здружението Винотек (мали егзотични винарии).

Влезот во Јавна соба е бесплатен, а задоволството, хуморот, перформансите и деловните средби ќе придонесат за пријатна атмосфера и поудобен престој на сите посетители.

Саемот на мали бизниси е во организација на Карана, општините од вардарскиот регион, Јавна соба и е поддржан од страна на УСАИД и Швајцарската развојна програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП