27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРазговори за уметноста во Чифте амам

Разговори за уметноста во Чифте амам

уметноста

Една од овогодишните програмски заложби на Националната галерија на Македонија како институција од национален карактер е унапредувањето на комуникацијата со македонската ликовна публика и со уметниците за сите актуелни прашања од современата ликовна уметност кај нас и во светот.

Една од таквите нови форми на интензивирањето на оваа комуникација е разговорниот односно дебатниот проект едноставно насловен „Разговори за уметноста“, посветен на тековни настани од областа на ликовната уметност (не само) во Националната галерија.

Во таа насока, по повод изложбата Помеѓу на Игор Тошевски што неодамна беше отворена во објектот Чифте амам, Националната галерија на Македонија во рамките на проектот „Разговори за уметноста“ организира средба со уметникот.

На разговорот, покрај уметникот Игор Тошевски за изложбата и неговото творештво ќе говорат Владимир Јанчевски, историчар на уметноста и Горанчо Ѓорѓиевски, кустос во Националната галерија на Македонија.

Разговорот ќе се одржи во објектот Чифте амам, во понеделник, во 12 часот.

Проектот Помеѓу се развива и реализира токму во време кога се редефинираат националните приоритети, време во кое дебатите за улогата на уметноста сè почесто излегуваат на јавна сцена. Тоа е пред сè поради зголемената свесност за потенцијалот на уметноста и за нејзината (зло)употреба и, конечно, неизбежниот заклучок дека уметноста секогаш имала имплицитна или експлицитна политичка димензија. Овој проект отвoра можност тој да биде разгледуван низ призмата на актуелните прашања кои се појавуваат низ неговата генеза, поконкретно од 2012 година наваму, но и преку навраќање на доминантните постапки и стратегии кои ги користи Тошевски, особено од средината на 1990-тите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП