28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Словенија не е во толку лоша ситуација

ММФ: Словенија не е во толку лоша ситуација

P

Лидерот на истражувачкиот оддел на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Јерг Декресин изјави дека на тешкотиите кои ги има Словенија треба да се гледа смирено, и покрај фактот дека ММФ ја намали прогнозата за економскиот раст на оваа земја во оваа година.

Декресин изјави дека Словенија има низок буџетски дефицит и релативно низок јавен долаг и дека нејзините потешкотии во банкарскиот систем „можат да се решат со поддршка од државата со докапитализација и реструктуирање“.

Јавниот долг на Словенија е околу 55 проценти од БДП, додека јавниот долг на некои земји од еврозоната е речиси осумдесет или деведесет проценти од БДП, потенцираше тој.

ММФ пред половина година за Словенија најави намалување на економскиот раст во 2013 година за пола процент, а во новата прогноза се најавува дека тоа ќе бидат два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП