4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air купува осум нови авиони

Wizz Air купува осум нови авиони

pigus-wizzair-bilietai

Нискобуџетниот авиопревозник „Wizz Air“ соопшти дека потпишале договор со кинеската компанија „ICBC Financial Leasing Co“ за испорака на осум нови авиони од „Airbus A320“. Се очекува тие да бидат доставени во оваа и следната година, а нивната вредност се проценува на околу 700 милиони долари.

Овој договор ќе и овозможи на компанијата да ја задржат просечната старост на авионскиот парк кој е под четири години.

Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, „Wizz Air“ објави дека во 2012-та година се зголемил нивниот превоз на патници за 12 проценти во однос на претходната година, а вкупно 12 милиони патници ги користеле нивните услуги.

Во 2012-та година „Wizz Air“ ја прошири својата мрежа од 203 на 250 делници и летови до 29 земји, во кои ги вклучија и Грузија, Израел, Словенија и Швајцарија.

Исто така оваа компанија направи промени во политиката за багажот на патниците се со цел да ги стимулира да носат помалку багаж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП