23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзборите во САД и политиката на ФЕД ќе зајакнат монетарната нестабилност

Изборите во САД и политиката на ФЕД ќе зајакнат монетарната нестабилност

dolarite 3

Нестабилноста на 5,1-трилионитиот монетарен пазар дневно опаѓа, но не исчезнува, велат аналитичарите од „UBS“.

Девизните флуктуации ќе се зголемат подоцна во текот на годината како последица на тоа што инвеститорите го бројат потенцијалниот исход од претседателските избори во САД и веројатноста федерални резерви да ги подигнат каматните стапки на крајот на 2016-та година, пишува „Bloomberg“.

Прогнозираното активирање на нестабилноста следува во период на смиреност, која започна во јули, откако инвеститорите го презедоа првичниот шок од гласањето за „Brexit“. Мерачот за валутната нестабилноста на „JPMorgan Chase & Co.“ падна до двонеделно дно во текот на изминатата недела (19-23 септември).

„Штом ќе се приближат изборите и се најдеме поблиску до тоа кој ќе биде следниот претседател, нестабилноста ќе отскокне од сегашните ниски нивоа“, смета Константин Болц, монетарен стратег во единица на „UBS Wealth Management“ во Цирих.

Последната година беше силно разнишана за доларот поради мешаните сигнали од паричните власти за судбината на каматните стапки и затегнувањето на монетарната политика.

Централната банка ги намали можностите за зголемување во текот на оваа недела и на тој начин уште повеќе ги замагли очекувањата за зелените пари, кои се намалија за речиси 4% во оваа година. И со оглед на наближувањето на претседателските избори само по 6 недели, инвеститорите шпекулираат што би значел за девизниот пазар исходот од нив.

Доларски индекс на „Bloomberg“ кој ја следи валута наспроти 10 големи валути, падна за 0,6% во текот на изминатата недела, откако трејдерите размислуваа за одлуката на Јапонската централна банка да се придвижи кон пофлексибилен приод за проширување на стимулите. Доларот падна за 1,2% до 101,02 јени и ослабе за 0,6% до 1,1226 долари за евро.

Глобалниот индекс за валутната нестабилноста на „J.P. Morgan“ се искачи до 9,9% во петокот, 23-ти септември, но остана под просекот на годишната вредност од 10,7%. Во последните месеци тој успеа да се стабилизира по постигнатиот врв токму пред референдумот во Британија.

Двајцата кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон ќе се соочат еден против друг во првата дебата за Белата куќа на 26-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП