26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународен антикорупциски центар на земјите од Г-20 започнува со работа во Пекинг

Меѓународен антикорупциски центар на земјите од Г-20 започнува со работа во Пекинг

paricki999

Меѓународен центар за борба против корупцијата, создаден од земјите на Г-20, беше отворен во кинеската престолнина. Основна задача на центарот ќе биде борбата со меѓународната корупција и запирање на нелегалните трансакции.

Центарот ќе стане првиот објектот за обезбедување и истражувањето на експерти од земјите на Г-20, кој ќе биде сместен во зградата на педагошкиот универзитет во Пекинг.

Лидерите на земјите од Г-20 одлучија за неговото создавање на средбата во Ханчжоу, претходно во овој месец.

Експертите кои ќе почнат со работа во новиот центар, ќе ги анализираат корупциските кривични дела во земјите од Г-20 и ќе ги споредуваат правните системи на овие држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП