4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Хрватска падна седми месец по ред, на 13,1 проценти

Невработеноста во Хрватска падна седми месец по ред, на 13,1 проценти

hrvatska rabotnici 222

Стапката на регистрираната невработеност во Хрватска во месец август падна седми месец по ред, на 13,1 проценти, од 13,3 проценти колку што изнесуваше во јули, покажуваат најновите објавени податоци од хрватскиот Државен завод за статистика.

Освен што стапката во однос на претходниот месец паднала за 0,2 проценти поени, во однос на август минатата година стапката на невработеност паднала за 2,1 процентен поен.

Падот на невработеноста седми месец по ред беше очекуван, со оглед на тоа дека неодамна објавените податоци на Хрватскиот завод за вработување покажаа дека на крајот на август биле регистрирани 213.340 невработени лица, што е за 3,749 лица или 1,7 проценти помалку во однос на јули.

Во однос на август минатата година, бројот на невработени од крајот на август оваа година е понизок за 16,9 проценти, односно бројот на невработени е помал за 43,408 лица.

Денешните податоци на Заводот покажуваат дека во моментов без работа се 210.575 лица, односно бројот на невработени е за околу 2,700 помал отколку на крајот на август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП