25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle ги потврди прогнозите за цела година

Nestle ги потврди прогнозите за цела година

nestle3

Швајцарскиот прехранбен гигант Nestle денес извести дека во првиот квартал забележал органска стапка на раст од 4,3 проценти, малку помала од истиот период од минатата година, потврдувајќи ја прогнозата за цела година и покрај економските проблеми на бројни развиени пазари.

Од компанијата известија дека во периодот од јануари до март остварила приходи од 21,9 милијарди швајцарски франци (23,52 милијарди долари).

Бидејќи компанијата е голем купувач на прехранбени производи како што е пченицата, шеќерот, млекото и кафето, резултатите на „Nestle“ обезбедуваат увид во состојбата во глобалната економија.

„И понатака очкуваме одредени осцилации во 2013 година, но потврдуваме дека очекуваме дека ќе ги исполниме зацртаните цели за цела година, и во поглед на приходите и нето добивката, како и капиталната ефикасност“, нагласи извршниот директор Пол Булк.

Во Европа довербата на потрошувачите во првиот квартал беше солидна, со раст на продажбата од 1,5 проценти, на 3,7 проценти.

Во Северна и Јужна Америка вкупните приходи се големени за 5,3 проценти, на 6,6 милијарди франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП