22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиската понуда за намалување на производството ја крена цената на нафтата над...

Саудиската понуда за намалување на производството ја крена цената на нафтата над 48 долари

саудиска

Цените на нафтата го пречекорија на меѓународните пазари во петокот прагот од 48 долари, откако Саудиска Арабија најави дека би можела да го намали производството, доколку тоа го стори и Иран, но подоцна од Ријад соопштија дека не очекуваат согласност на претстојната средба во Алжир.

На лондонскиот пазар центата на барелот порасна за 39 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 48,04 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по речиси непроменета цена од 46,40 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во петокот објави дека цената на барел од референтната кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесувала 43,27 долари, односно пораснала за 73 центи во однос на затворањето на тргувањето во средата.

На почетокот од тргувањето во петокот цените на нафтата тргнаа надолу, за да скокнат откако Саудиска Арабија понуди намалување на производството во рамките на подготовките на средбата на членките на OPEC следната седмица во Алжир на која ќе се разговара за заштита на цените на нафтата. Иран допрва треба да ја разгледа саудиската понуда, соопштија за Reuters три извора запознаени со преговорите.

Понудата потсетува на предлогот од претходно годинава за координација меѓу Саудиска Арабија во мерките за поддршка на пазарот. Договорот меѓу двете земји, инаку најголеми региони во регионот, би означил промена во саудиската стратегија за одбрана на пазарниот удел и покрај падот на цените, која им штети на другите произведувачи, особено на оние со поскапо производство.

Во меѓувреме агенцијата Bloomberg, повикувајќи се на два извора запознаени со текот на преговорите, пренесе дека на средбата во Виена засега Техеран и Ријад не постигнале никаков договор.

Неименуван саудиски извор за агенцијата, исто така, рекол дека Ријад не очекува постигнување договор носење мерки на средбата во Алжир од 26-ти до 28-ми септември. „Саудиска Арабија го смета состанокот во Алжир за консултации“, пишува Bloomberg.

И аналитичарите сметаат дека се многу мали шансите OPEC да постигне договор за замрзнување на производството, но можеби да се постигне договор за соработка којашто би спречила натамошно зголемување на производството.

Меѓутоа, земјите од Латинска Америка, како Венецуела, којашто е членка и на OPEC и држава со најголеми резерви на нафта во светот, бараат поддршка за својата кампања со којашто се обидуваат да го намали прекумерното производство на нафта за цената на „црното злато“ да добие поткрепа на пазарите.

Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа, чија држава е најмалата членка на OPEC и која ја поддржува Венецуела, изјави дека споменатиот нафтен картел е пред распад поради разликите во пазарните стратегии. „Очигледно дека OPEC ослабе, и постои опасност од негова дезинтеграција“, порача Кореа во разговор со новинарите на маргините од самитот на Неврзаните минатата седмица во Венецуела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП