26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекината негативната серија на индексот МБИ-10

Прекината негативната серија на индексот МБИ-10

mak berza

По повеќедневниот пад на индексот МБИ-10, последниот трговски ден оваа седмица индексот го финализираше со позитивна вредност од 0,43 отсто. Вкупниот промет на берзата денеска изнесуваше околу 6,8 милиони денари остварен преку 65 трансакции.

Најголем удел во прометот имаше акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје, каде преку блок трансакција беше истргувано количество од 470 акции по цена од 2.400 денари. Вкупно се реализираа 1.443 акции по просечна цена од 2.405,19 денари, во вкупна вредност од речиси 3,5 милиони денари.

Од останатите хартии од вредност, акцијата на Макпетрол беше најтргувана со промет од 1.119.270 денари, при што акцијата на крајот од денот заврши на вредност од 24.400 денари.

Најголем раст на вредноста од 35,11 отсто забележа акцијата на Лотарија на Македонија АД Скопје, а по неа следеа акциите на Топлификација АД со раст од 3,22 отсто и Гранит АД Скопје со раст од 1,95 отсто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП