2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна есенскиот ДОМА саем – Kвалитетни парчиња мебел по специјални цени

Почна есенскиот ДОМА саем – Kвалитетни парчиња мебел по специјални цени

doma saem 33

Во петок, по 4-ти пат се отвори Есенски ДОМА саем којшто им овозможува на посетителите да го направат совршениот и соодветен избор на потребните и посакувани парчиња мебел што ќе ја надоградат топлината и хармонијата на сечиј дом, и тоа по специјални намалени цени.

Огромен број посетители влегоа во саемските хали уште не почетокот на саемот, а бесплатниот влез на саемот овозможи изненадувачки бројки посетители за организаторите и изложувачите.

Скопски саем е центарот на вниманието кадешто сите посетители ја имаат можноста да ги одберат посакуваните и омилените парчиња мебел и на тој начин да заштедат од своето време и пари, а сепак да се стекнат со посакуваниот квалитет и најдоброто за нивниот дом.

„Самиот старт денес, проследен со огромна заинтересираност и посетеност, е доволен знак дека во наредните денови до 2-ри октомври нè очекуваат вистински гужви и поволна информација од посетителите и од самите изложувачи. Оваа саемска манифестација се одржува веќе четврта година по ред и веќе преминува во традиција со тоа што од година во година луѓето веќе претходно планираат кои парчиња мебел ќе ги купат од саемот што ќе се реализира во наредната година. Како организатори на овој уникатен и веќе доста познат настан во главниот град, којшто на едно место ги спојува квалитетот, економичноста и автентичноста со разновидниот асортиман на парчиња мебел горди сме на успесите што ги постигнуваме од година во година и на посетеноста не само од посетители од главниот град, туку и од останатите градови во Македонија и се надеваме дека во идно време ваквиот саем ќе се надгради со уште многу повеќе изложувачи и квалитетни парчиња мебел“, изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проект во Скопски саем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП