4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДуплирани средствата за развој на Југоисточниот плански регион

Дуплирани средствата за развој на Југоисточниот плански регион

плански

Дуплирани се средствата наменети за развој на Југоисточниот плански регион, соопшти во петок општините и на планските региони е приоритет на Владата на Република Македонија, истакна Заменикот министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов, на средбата со градоначалниците од овој регион.

„Од буџетот на Министерството за локална самоуправа и од Бирото за регионален развој во 2016 година во Југоисточниот плански регион се дистрибуирани 20 милиони денари за 3 проекти за регионален развој, кои се имплементираат од страна на Центарот за развој. Исто така 5 милиони денари се доделени за проекти за развој на селата и за подрачја со специфични развојни потреби за реализација на уште 6 нови проекти насочени директно кон општините. Во однос на минатата година средствата за овој плански регион годинава се скоро дуплирани. Од 14,5 милиони минатата година, на 25 милиони денари во 2016-та. Овој тренд покажува дека развојот на општините и на планските региони е приоритет на Владата на Република Македонија“, рече заменикот министер Пренџов.

Пренџов истакна дека Министерството за локална самоуправа преку менување на начинот на финансирање застана зад одржливоста на Центрите за развој и на Бизнис центрите.

Денеска во Југоисточниот плански регион беа промовирани Водичот за инвеститори и Збирката на индустриски зони кои што со поддршка на Министерството за локална самоуправа и на УНДП се изработени за потребите на Бизнис центарот.

Со поддршка на Министерството за локална самоуправа, Бизнис центри се формирани во сите осум плански региони, како логистика на постојните мали и средни претпријатија, но и на потенцијалните инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП