Санацијата на штетите по минатомесечниот земјотрес во централна Италија ќе чини најмалку три до четири милијарди евра, рече во петок првиот човек на државната цивилна заштита.
„Трошоците нема да бидат помали од три до четири милијарди евра, се плашам дека тие бројки и ќе ги надминеме“, рече Фабрицио Чурчи, на владина прес конференција.
Земјотрес со магнитуда од шест степени погоди на 24 август три италијански општини, Аматриче, Акумоли и Арквата дел Тронто во планинското подрачје околу 150 километри североисточно од Рим. Околу 3000 луѓе сѐ уште се без домови, вклучително и 2500 кои живеат под шатори.