недела, 3 јули 2022
ПочетнаАВТОБИЗСлавенички Aventador по повод 50-иот роденден

Славенички Aventador по повод 50-иот роденден

Lamborghini-Aventador-LP-720-4-50-Anniversario-1

Италијанскиот производител на автомобили „Lamborghini“ оваа година ќе прослави пола век од своето постоење, а во таа чест тие подготвија бројни изненадувања од кои едното беше „Veneno“, моделот кој беше претставен во Женева.

Роденденските модели не се необични кога „Lamborghini“ е во прашање, затоа такви примери имаа и за 25-иот (Countach) и 40-иот (Murcielago).

Lamborghini-Aventador-LP-720-4-50-Anniversario-2

Покрај „Venenо“, „Lamborghini“ подготви уште еден славенички автомобил. Станува збор за моделот „Aventador LP 720-4 50 Anniversario Edition“.

Ова возило својата премиера ќе ја има следниот викенд на авто-саемот во Шангај, а ќе биде направен во ограничена серија од 100 примероци, што е многу повеќе од претходните јубилејни модели.

Lamborghini-Aventador-LP-720-4-50-Anniversario-5

Моторот на „Aventador“ од 6.5-литарски V12 сега е помоќен и може да се пофали со 720 KS. Иако некои од љубителите на автомобили се надеваа на многу помоќен мотор, од компанијата соопштија дека немале во план таков агрегат.

Според неофицијалните информации „Anniversario“ до „стотка“ ќе забрзува за 2.9 секунди со максимална брзина од 350 km/h.

Lamborghini-Aventador-LP-720-4-50-Anniversario-6

Од козметичките детали овој славеник има уникатни фелни, ознаката за јубилејот, како и новата комбинација на боја наречена „Giallo Maggio“ – жолт мај, по месецот во кој во 1963-та година оваа компанија беше основана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП