28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 лекции кои треба да ги научиме од Индра Ноји, директорката на...

6 лекции кои треба да ги научиме од Индра Ноји, директорката на PepsiCo

indikra-660x330

Индра Ноји е една од 12-те светски женски извршни директори кои се најдоа на листата FORTUNE 500 која секоја година ги посочува најуспешните менаџери на денешницата, и жена која два пати од страна на овој магазин е посочена за највлијателна жена во светот.

Индра е извршен директор во PepsiCo компанијата и од доаѓањето на функцијата во 2006 година, глобалниот приход на компанијата е зголемен од 40 милијарди долари во 2007 година на повеќе од 63 милијарди долари минатата година. Нејзините лидерски вештини, самодовербата и упорноста ја направија инспиративна менаџерка, филантроп и деловна жена која секојдневно инспирира многумина со своите успеси.

На бројни конференции, таа ги открива навиките кои и помогнале да стекне самодоверба, да научи критички да размислува и да верува дека може да направи се што ќе посака.

Ова се нејзините 6 лекции кои ќе му помогнат на секој:

Раскинете со минатото

Важно е да одите во чекор со времето и да бидете свесни за промените. Промените се болни, но се потребни.

Учете

Секогаш одете напред и останете на завидно ниво во областа во која работите.

Храброст и самодоверба

Кажете го на глас она што го мислите. Воспоставете своја база на знаење и бидете сигурни во своето знаење. Секогаш трудете се повеќе и немојте да се плашите од новите предизвици.

Доследност

Бидете сигурни, веродостојни и доследни во работата.

Кажете НЕ кога тоа е потребно

Ако понекогаш не го добивате она што го сакате , морате да ја направите вистинската работа, кажете НЕ. Луѓето можеби ќе зборуаат, но морате да гледате на најдобриот интерес.

Вие сте најдобриот конзумент

Трендовите сами ги практицирате и креирате. Имате речиси еднакви потреби како и клиентите на кои сакате да им го продадете својот производ. Одговорете на вашите потреби и сте го добиле одговорот!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП