4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов шок за еврозоната - Ќе биде ли некогаш подобро?

Нов шок за еврозоната – Ќе биде ли некогаш подобро?

53713908757de4b0c8b046192358777_w640

Темпото на економскиот раст на еврозоната во месец септември падна на најниското ниво за 20 месеци, покажаа податоците на лондонската истражувачка компанија Маркит.

Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ), како најшироко мерило за економската активност, во еврозоната падна во септември на 52,6 од 52,9 поени од претходниот месец, пренесува американската агенција АП.

Секој податок над 50 поени укажува на зајакнување на секторските активности, а под 50 поени на нивен пад.

Деталниот увид во податоците покажува дека услужниот сектор имал особено тежок месец, но дека преработувачката активност пораснала по најголема стапка од декември минатата година.

Исто така е регистриран голем јаз меѓу двете водечки европски економии, па така додека ПМИ во Германија паднал на 16-месечен максимум, во Франција пораснал со најбрзото темпо од јуни 2015 година.

„Економијата на еврозоната го заврши третиот квартал во разочарувачко светло“, изјави економистот на Маркит, Роб Добсон.

Како што додаде, економскиот раст во тој квартал забави на околу 0,3 проценти, поради што е јасно дека економскиот пресврт е сеуште несигурен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП