20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа прв пат по 4 години се намалува француската економија

За прв пат по 4 години се намалува француската економија

article33

Француската економија го забави темпото на раст во вториот квартал од годината за прв пат од почетокот на 2012-та, со оглед на намалувањето на потрошувачката.

Тоа претставува сериозен удар за претседателот Франсоа Оланд во поглед на изгледите за претседателските избори во април идната година, коментира Ројтерс.

Третата и конечна оценка за периодот на Националниот институт за статистика (INSEE) беше ревидиран со пад до минус 0,1 отсто на квартална основа, откако претходно „INSEE“ објави дека растот останал несовесен. Ова е прво намалување од вториот квартал во 2012-та година.

Намалувањето на втората по големина економија во еврозоната во вториот квартал доаѓа по стабилниот резултат од 0,7 отсто пораст за периодот јануари – март.

На годишна основа економијата забележа раст во рамките на очекуваното – од 1,3 отсто во однос на проширување од 1,4 отсто, еден квартал порано.

Потрошувачка во Франција се намали за 0,1 отсто во вториот квартал. Претходно во текот на неделата, францускиот министер за финансии Мишел Сапен изјави дека ја држи прогнозата за економски раст од 1,5 отсто за оваа и следната година, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП