2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИInditex без пречки, освои уште 38 земји

Inditex без пречки, освои уште 38 земји

зара66

Шпанската модна куќа Inditex, сопственик на популарниот бренд Zara, го зголеми во првото фискално полугодие профитот за осум проценти.

Профитот скокнал благодарение на зголемената продажба ширум светот.

Профитот на Inditex во шест месеци, од февруари до јули, пораснал на 1,3 милијарди евра во однос на истиот период минатата година, со што исто така се надминати очекувањата на аналитичарите, пренесува агенцијата Франс прес.

„Сите брендови на групацијата го зголемија своето меѓународно присуство во тој период, а во 38 земји се отворени 83 нови продавници“, се наведува во соопштението на шпанската компанија, и додаваат дека компанијата влегла на три нови пазари – Аруби, Парагвај и Никарагва.

Продажбата во првото полугодие пораснала за 11 проценти, на 10,5 милијарди евра.

Шпанскиот бизнисмен Амансио Ортега во 1975 година го создава модниот бренд Zara, а подоцна ја основал главната компанија Inditex под која се и брендовите Massimo Dutti и Pull and Bear

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП