17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот Nasdaq на ново рекордно ниво, раст на индексите и во Европа

Индексот Nasdaq на ново рекордно ниво, раст на индексите и во Европа

nasqq

На главните европски берзи и на њујоршки Волстрит во четвртокот цените на акциите пораснаа, втор ден по ред, бидејќи на пазарот владее добро расположение откако ден претходно американската централна банка Federal Reserve (Fed) ги остави каматите непроменети.

Лондонскиот индекс FTSE зајакна за 1,12 отсто, на 6.911 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 2,28 отсто, на 10.674 поени, а парискиот индекс CAC за 2,27 отсто, на 4.509 индексни поени.

Во Њујорк индексот Dow Jones зајакна за 0,54 отсто, на 18.392 поени, додека S&P 500 се зголеми за 0,65 проценти, на 2.177 поени, а Nasdaq индексот за 0,84 отсто, на 5.339 индексни поени.

Индексот S&P 500 зајакна последните два дена за над 1,5 отсто, што е негов најголем дводневен раст во повеќе од два месеца, додека Nasdaq индексот го достигна новото највисоко ниво во историјата.

Претседателката на Fed, Џенет Јелен, порача во средата дека американската економија изгледа посилна и дека зголемувањето на каматите ќе биде потребно за да се спречи прегревање на економијата и јакнење на инфлацијата. Меѓутоа, централната банка навести и дека каматите следната година би можеле да растат побавно отколку што се очекуваше претходно.

„Ниските камати уште подолг период се добра работа за пазарот на акции. Тоа во основа значи поттикнување на наклонетоста на инвеститорите во поризични имоти“, толкува Полн Нолт, портфељ менаџер во фондот „Kingsview Asset Management“.

Благодарејќи на тоа, сите 11 главни сектори од S&P 500 секторот во четвртокот завршија во плус, а најмногу, за 1,9 отсто, порасна секторот на недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП