13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов оглас за продажба на градежно земјиште во Општина Штип

Нов оглас за продажба на градежно земјиште во Општина Штип

штип

Нов оглас за продажба на градежно земјиште е објавен во петок во дневниот печат, како и на веб страницата на Општина Штип.

На оглас за продажба се 21 парцела, од кои седум за индивидуални куќи, две за индустриски објекти, две за деловни, потоа девет парцели за станбени згради од кои седум се во населба Сењак и по една во населба Баби и Пребег и една локација за бензинска пумпа.

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 25.10.2016 година а јавното наддавање ќе се оддржи електронски на 27.10.2016 година од 8 до 13 часот.

Инаку пред околу еден месец Штип спроведе продажба на градежно земјиште на која беа понудени околу 50 локации при што над 40 беа продадени. Од продажбата беше остварен приход од 50 милиона денари од кои 20% се за државната каса а 80% за локалната самоуправа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП