15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција е најголемиот инвеститор во Русија

Франција е најголемиот инвеститор во Русија

10675603_811662685565335_4513905209964198737_n

Франција во првиот овогодишен квартал ја задржа водечката позиција меѓу странските компании кога станува збор за инвестирањето во Русија.

Франција во Русија инвестирала 797 милиони долари, изјави генералниот директор на Француско-руската економска комора CIFR, Павел Шински.

Според неговите зборови, Франција трета година по ред е најголемиот странски инвеститор во Руската Федерација, и покрај економската криза со која Русија моментално се соочува.

„Во овој овогодишен квартал, Франција инвестирала 797 милиони долари во руската економија, Германија 350 милиони долари, а САД 130 милиони долари“, изјави Шински, додавајќи дека Франција веќе долго време е најголемиот работодавец во Русија, пред се благодарение на компаниите како што е трговскиот ланец „Aucan“ и француските банки.

„Тие вработуваат повеќе од 130.000 работници, а работат од Калињинград до Владивосток. Од воведувањето на санкциите, ниедна од околу 6.000 компании кои се присутни во Русија до денес не ја напуштила земјата“, изјави Шински.

„Неопходно е, сепак, подобрување на деловната клима во Русија“, додава тој.

Според податоците на CIFR, вредноста на француските инвестиции во Русија минатата година надминала милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП