8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗадолжително користење на е-Даноци за тримесечните ДДВ обврзници од 1 јули 2013

Задолжително користење на е-Даноци за тримесечните ДДВ обврзници од 1 јули 2013

ujp-

Тримесечните ДДВ обврзници од 1 јули 2013 година имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка до УЈП да ги доставуваат по електронски пат преку системот е-Даноци.

Заради навремено усогласување со новините во даночното работење, УЈП им препорачува на обврзниците и сметководствените бироа да не го чекаат последниот рок и да преземат чекори за регистрација на е-Даноци за што е потребно дигитален сертификат на УСБ токен издаден од овластена куќа, интернет конекција и валидна е-пошта пријавена во Централниот регистар на Република Македонија.

Управата за јавни приходи информира дека со имплементација на новото законско решение, ДДВ обврзниците ќе ги доставуваат даночните пријави електронски до УЈП, наместо досегашната пракса на достава на обрасците во хартиена форма. Покрај намалување на административните трошоци на финансиското работење, дополнителни бенефити од воведувањето на задолжителна електронска комуникација е олеснување на даночните процедури, заштеда на време и поголема безбедност на деловните податоци на компаниите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП