Новиот британски премиер Тереза Меј ја предводи листата на „Bloomberg“ на највлијателните луѓе на планетата за светските финансиски пазари. Ранглистата се подготвува од 2011-та година врз основа на анкета на дописници и уредниците на агенцијата.
Во листата се вклучени лица, кои можат да влијаат на движењето на пазарите кои даваат идеи и презентираат политики. На второ место е кандидатот за претседател на републиканците Доналд Трамп, следен од против-кандидатот, Хилари Клинтон.
На четврто место е кинескиот претседател Си Цинпинг, а на петтото место – директорот на „Amazon“, Џеф Безос. Германскиот канцелар Ангела Меркел го зазема шестото место, а претседателот на Европската централна банка Марио Драги е седми.
За прв пат на листата спаѓа и рускиот претседател Владимир Путин, а тој е на 30-то место од вкупно 50 наведени.
Минатата година на чело на листата беше шефот на американската централна банка Џенет Илејн која сега е на осмото место, проследено со кинескиот претседател и од директорот на „Apple“, Тим Кук.