18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Човекот што многу го сакаа“ во францускиот кино-клуб

„Човекот што многу го сакаа“ во францускиот кино-клуб

човекот

Францускиот институт во Скопје го најавува отворањето на новата сезона на францускиот кино-клуб со проекцијата на филмот „Човекот што многу го сакаа“, в петок, во 20 часот во Кинотеката на Македонија.

Се работи за извонреден трилер, снимен според вистинит настан, под режисерката палка на еден од најдобрите француски режисери, Андре Тешине, и со Катрин Денев, Гијом Кане и Адел Енел во главните улоги.

Тв1 Њуз за филмот ќе напише дека е „возбудлив од почеток до крај, не само по содржина, туку и по маестралната актерска игра“, а познатиот француски неделник за млади Лезенрок, пак, дека истиот е „таинствено прекрасен“.

Филмот е со превод на македонски јазик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП