12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛистата на милионери празна

Листата на милионери празна

mk berza224

И во четвртокот тргувањето на Македонската берза заврши со негативна вредност на индексот МБИ-10, при што забележа пад од 0,17 отсто.

Листата на милионери во вчерашнот тргување остана празна. Прометот изнесуваше скромни 3,2 милиони денари во кои најголемо учество имааа акциите на Макпетрол, Алкалоид, и Комерцијална Банка, со вкупен промет од 1,6 милиони денари, односно нешто над 50 отсто од вкупниот денешен промет.

Од вкупно 11 хартии од вредност со кои се тргуваше вчера, пет го завршија денот со пад на вредноста, додека четири хартии од вредност забележаа пораст. Најмногу загубија акциите на Уни Банка АД Скопје со пад на просечната цена од 6,38 отсто, со вкупно истргувани 558 акции.

Од обврзниците тргување имаше само со обврзниците од петнаесеттата емисија кај кои немаше промени вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП