Шведскиот произведувач на телекомуникациска опрема „Ericsson“ планира да го згасне производството во матичната земја, што би значело губење на 3.000 работни места, пишуваат шведските медиуми.
Весникот Svenska Dagbladet објави во средата дека добил „доверливи документи“ за програмата за намалување на трошоците за три милијарди шведски круни, или 313 милиони евра. Според написот, 60 отсто од заштедите би требало да бидат реализирани во Шведска, а остатокот во странство.
Во „Ericsson“ не биле достапни за коментар на оваа информација, пренесува AFP.
Оваа компанија вработува 116.00 работници ширум светот, вклучително и 15.000 во Шведска. Планираното укинување на 3.000 работни места во производството ќе биде изведено во клучниот оддел на мрежи, пишува натаму Svenska Dagbladet,
Доколку оваа информација е точна, тоа ќе претставува кран на една ера, бидејќи производството на „Ericsson“ во Шведска датира уште од 1876 година.
Шведската компанија уште во април годинава најави структурни промени во рамките на програмата со која имаат намера да ја зголемат ефикасноста на работењето и да го поттикнат растот.
Пишувањето на шведскиот весник се надоврзува на јулската одлука на компанијата за смена на извршниот директор Ханс Вестберг кој таа должност ја извршуваше седум години. Под неговото водство „Ericsson“ имаше големи проблеми во справувањето со конкуренцијата од „Nokiа“, „Siemens“ и „Alcatel-Lucent“, како и со проширувањето на уделот во заситените и жестоко конкурентско обележани пазари во Европа и во Северна Америка.
Во второто тримесечје од годинава компанијата забележала пад на добивката и приходите од 26, однос од 11 отсто.