19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБангкок стана првата туристичка дестинација во светот

Бангкок стана првата туристичка дестинација во светот

bankog 33

Бангкок е на чело на туристичките топ дестинации во светот според новиот годишен рејтинг на „Mastercard Global Destinations Cities Index“.

Се очекува тајландската престолнина во 2016-та година да пречека 21,47 милиони странски посетители, претекнувајќи го Лондон со новите 19,88 милиони и Париз со 18,03 милиони туристи од странство.

Изненадување во овогодинешното рангирање претставува огромен скок на Дубаи до водечкото место во однос на обемот на потрошените пари од странските туристи. За целата 2016-та година се очекува Дубаи да пречека 15,27 милиони посетители, кои ќе потрошат 31,3 милијарди долари. Многу по него според овој показател во рангирањето е Лондон со 19,8 милијарди долари.

Туризмот во Бангкок продолжи да биде силен и покрај лошите вести кои доаѓаат од земјата. Во август при бомбашки напади беа убиени четири лица, а десетици беа повредени.

„Начинот на кој луѓето патуваат и ги трошат своите пари во други земји, прави огромното значење на светските градови и значително засилен односот меѓу нив. Планирањето, резервациите и патувањата стануваат поважни за корисникот“, вели Ен Кернс, претседател на единица за меѓународните пазари во „MasterCard“.

За првпат индексот испитува исто така дали посетителите патуваат по службено или приватно на овие дестинации. Тој, исто така обезбедува податоци за однесувањето при трошење на меѓународните гости, на пример за јадење, шопинг и ноќевања.

Овогодинешниот индекс покажува дека се повеќе и повеќе луѓе патуваат во првите 20 градови како дестинации за одмор. Исклучок е само Шангај, кој е посетуван претежно од бизнис патниците.

Додека во поголемиот дел од трошоците за шопинг во Европа, особено во Амстердам, Барселона, Истанбул, Милано, Париз, Прага и Виена, посетите на ресторани ја предводат оваа категорија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП