4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple Watch продолжува да доминира на пазарот на паметни часновници

Apple Watch продолжува да доминира на пазарот на паметни часновници

voc33

Денеска на пазарот имаме се поголем број на паметни часновници, меѓутоа иако во понудите сигурно постојат евтини и потенцијално подобри опции, бренд репутацијата на „Apple“ и помага на оваа комапнија на доминира на „smartwatch“ пазарот.

Најновото истражување на „Kantar Worldpanel“ покажува дека „Apple Watch“ и натаму е лидер на пазарот на паметни часовници.

Најновите бројки покажуваат дека во тримесечниот период, кој заврши во јули, „Apple watch“ држеше 33,5% на пазарот во Америка и 31,8% пазарот во Европа. Сепак, она што истражувањето го покажа е катастрофално, дека пазарот на паметни часовници не е голем. Во Америка, само 15,2% од корисниците поседуваат паметен часовник или фитнес нараквица, додека во Европа тој број е се помал и изнесува 8,1 проценти.

„Apple“ наскоро ќе треба да ги потврди официјалните резултати од продажбата на својот паметен часновник – „Apple Watch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП